Со претставници од Македонија, со пораки за Македонија и со инцидент пред почетокот, помина седмата Парада на гордоста во Солун.

Како и во изминатите години така и сега, Македонија беше дел од маршот по централните улици на Солун.

Според објавените фотографии од солунските медиуми, со развиорени македонски знамиња, претставниците од Македонија парадираа на седмата „Thessaloniki pride“.

Фото: efsyn.gr

Дел од учесниците одбраа на свој начин да го коментираат ставот на одредени Грци дека Македонија е грчка. „Македонија не е грчка, е хомосексуална“, пишуваше на телото на девојка – учесник на парадата.

Фото: thecaller.gr

Како што јави МИА, парадата во Солун помина масовно и заврши мирно, а ја одбележа и инцидентот што се случи кусо пред почетокот.

Две лица, 45-годишен Грк и 36-годишен Италијанец биле нападнати од група непознати лица, а по вербалниот напад, следел и физички, кога двете лица биле фрлени во морето. Според локалните медиуми, еден од двајцата имал знаме со боите на виножитото и постои сомневање дека станува збор за хомофобичен напад.

Фото: efsyn.gr

Гркот и Италијанецот, не биле повредени, а случајни минувачи помогнале тие да бидат извлечени од морето.

Инцидентот се случи кусо пред почетокот на парадата, а пред завршувањето полицијата привела четири лица за кои се сомнева дека стојат зад нападот.

Извор:НоваТВ