Претседателскиот кандидат на турската опозициска Републиканска народна партија (МХП) Мухарем Инче гласаше на гласачкото место во Јалова и изрази надеж дека изборниот процес ќе биде успешно имплементиран, објави агенцијата Анадолу (АА).
Во Турција денес се оддржуваат предвремените претседателски и парламентарни , а претседателскиот кандидат на најсилната опозиција на партијата ЦХП Инче, по гласањето на новинари, им изјавил дека веднаш ќе оди во Анкара и дека резултатите од изборите ќе ги чека пред зградата на Врховниот изборен комитет (ЈСК).
Инче на избирачкото место пристигнал со неговата сопруга Улку, синот Салих Арде и снаат Идил Гокнил.
“Ви благодарам, на сите сега одам во Анкар пред зградата на YSK. Вие бидете тука пред избирачките места, а јас ќе бидам пред YSK “, изјавил Инче.
Вкупно шест кандидати учествуваат на претседателските избори во Турција, вклучувајќи го и актуелниот турски претседател и лидер на Партијата на правдата и развојот (АК партија), Реџеп Тајип Ердоган и кандидатот на опозициската партија ИјИ Мерал Аксенер, кои гласаа во Истанбул ова утро.











