Турскиот премиер Бинали Јилдирим изјави дека Турција ќе продолжи да се придвижува кон нови цели и хоризонти по денешните избори со нов систем на управување, пренесува Агенцијата Анадолу (АА).
Во Турција денес се оддржуваат предвремени претседателските и парламентарните избори, после што земјата ќе премине од парламентарниот во претседателскиот систем на управување.
Премиерот Јилдирим гласаше на избирачко место во родната провинција Измир на гласачкото место во Карабаглар.
Во краткиот обраќање до новинарите Јилдирим изрази надеж дека денешните избори и резултати ќе бидат во корист на нацијата и државата.
Тој додаде дека изборниот процес се одвива во духот на празникот на демократијата и дека гласачите во голем број излегуваат на гласачките места.











