Турските опозициски лидери го искористија своето право на глас на денешните претседателски и парламентарни избори, јавува Anadolu Agency (AA).
Лидерот на главната опозициска Републиканска народна партија (CHP), Кемал Киличдароглу, го даде својот глас во главниот град Анкара, додека лидерката на новоформираната опозициска партија ИЈИ (IYI) и кандидат за претседател, Мерал Акшенер, гласаше во Истанбул.

Претседателскиот кандидат на опозициската Републиканска народна партија (CHP), Мухарем Инџе, своето гласачко право го искористи во северозападната турска област Јалова.

Гласањето на денешните претседателски и парламентарни избори во Турција започна во 08:00 часот и ќе продолжи до 17:00 часот по локално време, кога се затвораат гласачките места.











