Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, се опиша себеси и рускиот лидер Владимир Путин како “најискусните политичари во Генералното собрание на ОН”.
“Постојат два најискусните политичари во Генералното собрание на Обединетите нации – еден сум јас, а другиот е Путин, бидејќи ако ја споредиме должината на мандатот на функцијата претседател и премиер, тогаш имаме заеднички процес во траење од 15 до 16 години.
Како резултат на тој процес имаме резултати, како и она што уште треба да го направиме “, изјавил Ердоган во интервју за телевизијата и радио ТРТ пред претседателските и парламентарните избори во Турција, кои ќе се одржат в недела.
Ердоган додаде дека, како Турција и Русија, така и Путин и тој има добри односи, како што се виде кога Анкара ја покрена операцијата “Маслинова гранка“ во северна Сирија, како и во преговорите за решение за сириската криза во Астана и во Сочи.










