Стотици Палестинци демонстрираа вчера во источниот појас Газа во близина на границата со Израел, што е дел од она што го нарекуваат “Големиот марш за враќање”. Демонстрантите, како и досега, бараа укинување на долготрајната блокада на оваа сиромашна крајбрежна енклава.
Демонстрантите се собраа на пет различни локации на исток од Газа, палејќи гуми, и испуштајќи запаливи балони и змејови се судрија со израелските безбедносни сили.
Министерството за здравство во Газа соопшти дека најмалку шест демонстранти биле повредени од “жива” муниција.
Израелските медиуми објавија дека балоните и змејовите предизвикале четири големи пожари во земјоделските полиња, но дека повредени немало, пренесе Ксинхуа.
Портпаролот на Министерството за здравство во Газа, Ашраф ал-Кедра, изјави дека израелските сили убиле 131 Палестинц од 30-ти март, ранувајќи околу 14.000 луѓе.
Ваквото однесување на Израел наиде на меѓународна осуда.Додека пак Израел за нередите го обвини Хамас.
(Vijesti / ФЕНА)










