Турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган денеска во Истанбул изјави дека Турција е правна и дека сите безбедносни мерки биле преземени за време на утрешните избори, вклучувајќи ги и југоисточните региони на земјата. Ердоган се осврна на наводите на лидерите на опозициската Републиканска народна партија (ЦХП) Претседателот Кемал Киличдароглу и претседателскиот кандидат Мухарем Инче, во врска со безбедноста на овие избори.
“Г-дин Мухарем, г-дин Кемал, сакам да ви кажам дека Турција првенствено е правна држава. Во изминатите 16 години, ние не сме имале нарушување на изборите, освен во југоисточните терористички региони. Во овие региони, оваа година ги презедовме сите неопходни мерки. Во случај терористите да бидат закана за изборниот процес, ќе им се качиме на вратот”, изјавил Ердоган.
Извор:faktor









