Во Лондон марш против Брегзит

0
265

Во Лондон се оддржува марш против реализацијата на Брегзит без договор со Европската унија , каде демонстрантите ќе испратат порака дека “сеуште не е завршено”, објави ББС
Маршот се одржува на двегодишнината од оддржувањето на Британскиот референдум за Брегзит. Зад сегашниот марш стои организацијата “Глас на народот”, која сака референдум за договор кој британската влада би требало даго постигне со ЕУ во врска Брегзит.
Тие порачаа дека луѓето треба да огласат за штетата што може да се случи ако Британија ја напушти Европската унија следната година без никаков договор, пренесе ББС.
Министерот за Брегзит Дејвид Дејвис изјави дека премиерката Тереза ​​Меј ќе постигне “добар договор” со Брисел и дека Брегзитот ќе биде фантастичен. Велика Британија треба официјално да ја напушти ЕУ на крајот од март 2019 година.