Турција: На ден пред изборите приведени 47 лица

0
324

Турската полиција уапси 47 лица во операција против поддржувачите на мрежата, која Анкара ја обвини дека стои зад неуспешниот државен удар пред две години, пренесува Си-Ен-Ен Турк.

Приведените се од редовите на турската армија, објави Ројтерс. Тие се осомничени дека се следбеници на муслиманскиот имам на Фетулах Ѓулен, кој живее во егзил во САД. Анкара го обвини Ѓулен дека стои зад неуспешниот државен удар на 15 јули 2016 година, пренесува Ројтерс.

Последните апсења уследија на еден ден пред претседателските и парламентарните избори во Турција.
Според неофицијалните информација, станува збор за лица кои би можеле преку разни незаконски активности да се обидуваат да влијаат и нарушат изборниот резултат.