Каталонија ги прекинува официјалните врски со шпанскиот крал

0
230

Новиот каталонски претседател Ким Тора изјави дека неговата регионална влада нема да ги покани членовите на шпанската кралска фамилија на ниту еден официјален настан.
Тора додал дека нема да ги испраќа своите претставници на настаните организирани од монархијата.

Регионалната влада ја донесе оваа одлука бидејќи кралот Фелипе VI одбива да ја разгледа можноста богатата Каталонија да се одвои од Шпанија.

Тора и други каталонски функционери ја повикуваат шпанската влада во Мадрид да ја почитува едностраната прогласена независност.

Кралот Фелипе VI, исто така, не ја признава независноста на Каталонија. Заедно со Барселона, Тора порачал дека Каталонците “не се поданици туку граѓани”.

Тора треба да се состане со новиот шпански премиер Педро Санчез на 9-ти јули.

Извор:cdm