Уапсени 14 лица во Турција, осомничени за подготовка на напади на изборите во недела

0
391

Турската полиција денеска во Анкара уапсеи 14 лица за кои се верува дека се членови на т.н Исламска држава осомничени дека се подготвуваат за напад за време на претседателските и парламентарните избори кои ќе се одржат во недела.

Овие 14 лица, странски државјани, биле уапсени во низа полициски рации во нивните станови во Анкара, јавуваат туските медиуми.

Анкара, после низа на терористички напади на својата територија, ги затвори границите со Сирија, апсеше и протеруваше осомничени екстремисти, а се придружи и на меѓунардната коалиција за броба против Исламска држава.

Извор:Мета