Победа на Реџеп Тајип Ердоган и Партијата за правда и развој (АК Парти) на претстојните претседателски и парламентарни избори се единствената гаранција за независноста и територијалниот интегритет на Турција, а на муслиманите од целиот свет се силен столб и сигурна заштита, порачано е вечерва од митингот за поддршка на Ердоган одржан во Нови Пазар.![]()
Пред неколку стотици насобрани граѓани во организација од страна на Турската асоцијација во Србија во центарот на Нови Пазар, изведен е култрно-забавен програм со изведба на илахии од страна на хорот Иса-бега како и обраќање на гости од Турција.Претходно е прочитана Биографијата на актуелниот турски претседател, кој во октомври 2017 година, како прв висок турски официјален претставник, го посети Нови Пазар.
Официјалниот претставник на АК-партијата, Мухамад Еминпарак, кој по тој повод пристигнал од Анкара и се обратил на собирот, истакна дека оваа поддршка во Нови Пазар е многу значајна и важна.
– Кога ќе ја видиме оваа енергија и сила, ние се чувствуваме силни. Кога и нашиот претседател ќе се почувствува силен, Нови Пазар, Србија и земјите на Балканот, сите потчинети и угнетени луѓе и муслимани во светот ќе се чувствуваат силно – изјавил Еминпарак, потсетувајќи на важноста на соработката и дијалогот меѓу Србија и Турција.
![]()
Еден од бизнисмените од Истанбул, Инал Ерат, изјавил дека турските инвеститори, со поддршка на Ердоган, се создадени добри услови за инвестиции во Нови Пазар, Србија, Црна Гора и Косово … Тој ги покани сите турски инвеститори, дури и оние кои ја изгубиле надежта за работа, да дојдат во таа област.
![]()
– Дојдете тука и инвестирај те. Не плашете се да инвестирате, бидејќи, како што рече претседателот Ердоган, запознајте се со придобивките од овие земји, бидејќи со богатството на културата може да донесете материјално богатство. Во овие земји, постојат сите можности и можеме да работиме со овие луѓе – рече Инал Ерат.
Претседателот на Турската асоцијација во Србија, Алија Саховиќ, во обраќањето изјавил дека парламентарните и на претседателските избори во недела на 24-ти јуни ќе одлучуваат ” дали Република Турција и понатаму ќе продолжи да ја води во сигурна и ветувачка иднина вистински патриот и меѓународно почитуваниот лидер Реџеп Тајип Ердоган и АК партијата или партиски лидери без силен внатрешен и надворешен авторитет и достоинство “.
![]()
– Ердоган не е лидер само на турскиот народ. Тој е неприкосновен лидер на целиот муслимански уммет, како што го гледаат неговите непријатели и затоа сакаат да го уништат. Не се сомневам во неговата победа – рекол Саховиќ и ги повика гласачите во Турција да го поддржат Ердоган и АК партијата.
![]()
![]()
![]()
Представничка на хорот Иса-бег Наима Халиловиќ, ги прочита на турски и босански писмото упатено до Ердоган, велејќи дека ќе победи на претстојните избори, а децата и младите од Нови Пазар и Санџак ќе го поддржат и ќе прават дова за него.
– Се надеваме дека нашата дова упатена за вас ќе биде кабул,ќе стигне до вас и дека повторно ќе бидете претседател. За нашата Турција многу селами од Нови Пазар и Санџак – рекол Халиловиќ.
За време на митингот на градската шеталиште во Нови Пазар беше истакнат голем постер со сликата на Реџеп Тајип Ердоган, а на сцената беа поставени српското, турското и знаме на бошњаците во Србија. Организаторите на настанот споделија пропаганден материјал со учесниците. Собирот поминал во мирен амбиент.
Извор:faktor










