Убиена турска поп звезда со потекло од БиХ

0
645

– Поп ѕвездата Хачер Тулу убиена е во пукотница во ноќен клуб во популарното турско одморалиште Бодрум. Турската пеачка една е од двајцата убиени во масакрот, а четворица се повредени, објавија локалните медиуми.

Неофицијално се дознава дека,другата убиена личност е Мехмет Али Сурензој, сопственик на клубот Медуза во кој се случил пукањето, ја објави Јутарњи лист.

Полицијата уапсила четири лица поради можно поврзување со пукотницата.

Хачер во Турција беше многу популарна, при што на Instagram има повеќе од 50.000 следбеници. Нејзините песни на YouTube имаат повеќе од 4 милиони прегледи.

Хачер студирала на Универзитетот Анадолу, а освен пеењето, таа исто така се занимавала и со глума и манекенство.

Како што пишуваат турските медиуми, таа е родена на 10 април 1978 година во семејство на бегалци од Босна и Херцеговина.

Извор:(Vijesti / ФЕНА)