ВИЕНА – Австрискиот канцелар Себастијан Курц најавува поостар став на официјалната Виена спрема Турција и нејзиниот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
Курц рече дека доста се седело со “скрстени раце” и дека новата австриска влада сега ги контролира сите институции и ја определува злоупотребата на џамиите и финансирањето на имамите од странство.
Австрија, според него, нема да дозволи да ја заплашат заканите на Анкара.
“Турција има влијание врз граѓаните на Австрија или Германија со турско потекло и ја спречува нивната интеграција со злоупотребата на нивните национални чувства и религија. Ова е спротивно на нашите напори за интеграција и во исто време е лошо за соживотот”, изјави тој за АТВ.
Курц објави дека Австрија ќе дејствува каде и да е, без оглед на тоа како се Анкара ќе се заканува.
“Не верувам во грешки во преводот на изјавите на Ердоган, тој јасно вели што мисли и сака, што е многу проблематично”, рекол тој.
Тој, исто така, најави дека Австрија, за време на претседателствувањето со ЕУ, во втората половина од оваа година ќе се бори против продолжување на пристапните разговори со Турција, особено против отворањето на ова поглавје, додавајќи дека во Унијата постои консензус.
Извор:san











