Поради големиот интерес на нашите читатели, откако пред неколку денови пишувавме во нашата рубрика од другите медиуми за напис од американските медиум “Њусвик”, денес објавуваме видео од неодамнешното лансирање на руски балистички проектили “Искандер” .Тоа е модерен и сè уште сосема мистериозен систем, способен да лансира како балистички така и друг тип на ракети со краток домет, со конвенционални или нуклеарни боеви глави.
Руското Министерство за одбрана во саботата објави лансирање на ракетен мобилен систем Искандер 9K720. Лансирањето беше спроведено од територијата на Руската далечна Источна воена област. Овој модерен систем е распореден и во азиските и во европските делови на Русија и претставува важна компонента на севкупната руска воена сила во енклавата во Калининград, која се наоѓа покрај брегот на Балтичкото Море, меѓу Полска и Литванија, членка на НАТО алијансата.
Распоредувањето на ракетен систем Искандер, како и друго руско оружје во регионот на Калининград, привлече големо внимание, со оглед на драматичното влошување на односите на Русија и Западот во последниве години, кога двете страни се обидуваат да ги демонстрираат своите воени капацитети еден до друг.
[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=4nEW0FRM9E8[/embedyt]
Извор:geoplitikanews








