Коалицијата предводена од Саудиска Арабија соопшти дека после повеќенеделната офанзива повторно ја презела целосната контрола над главниот аеродром во градот Ходеида, контролирана од хутските бунтовници.
Портпаролот на коалицијата “Турки ал-Малки” за мрежата на Ал Арабија изјави дека армијата од Јемен го чисти аеродромот од мини кои беа поставени од бунтовниците.
“Коалицијата има хуманитарни и развојни планови за Ходеиде, кога градот целосно ќе биде ослободен”, додал ал-Малики.
Тој изјавил дека намерата на коалицијата е да соработува со владата во Јемен за враќање на стабилноста во градот.
Минатата недела владините сили во Јемен, поддржани од коалиција, започнаа кампања за враќање на Ходеида, која е под контрола на бунтовниците од 2014 година, кога Хутите го окупираа главниот град на Сана, пренесува ДПА.
Претходно во средата, командантот на Обединетите Арапски Емирати изјави дека аеродромот е целосно ослободен од бунтовниците.
ОАЕ се вториот клучен играч во коалицијата по Саудиска Арабија во конфликтот во Јемен.
Саудиска Арабија стравува дека бунтовниците, Хути, можат на нивниот ривал Иран да им дадат, стратешка предност на Арапскиот полуостров.
Извор: Фена











