Конфискуван имотот на „Газпром“ во Англија и Велс

0
270

Конфискуван имотот на руската енергетска компанија „Газпром“ во Англија и Велс.

Во објавеното соопштение од украинската компанија за природен гас „Нафтогас“ се истакнува дека е конфискуван имотот на руската енергетска компанија „Газпром“ во Англија и Велс во врска со која од страна на Меѓународниот арбитражен суд во Стокхолм беше одлучено „Газпром“ да плати оштета.

Во соопштението се вели дека освен тоа Газпром ќе достави до судот и список во однос на својот имот во Англија и Велс чиј износ изнесува над 50 илјади долари, а исто така се додава дека доколку руската енергетска компанија „Газпром“ не ја исполни оваа одлука на судот може да биде подложена на кривична санкција.

Инаку, Меѓународниот арбитражен суд со седиште во Стокхолм во одлуката што ја донесе пред извесно време во однос на судскиот процес помеѓу руската енергетска компанија „Газпром“ и украинската компанија за природен гас „Нафтогас“ пресуди во полза на украинската компанија.

Судот одлучи дека руската енергетска компанија „Газпром“ не ги исполнила своите оврски во врска со испораката на природен гас на Украина и пресуди „Газпром“ да и плати оштета на „Нафтогас“ во износ од 2,56 милијарди долари.

Извор:ТРТ