Во Израел приведен поранешен министер кој наводно шпионирал за Иран

0
335

Во Ерусалим, суд наредил апсење на поранешниот министер за енергетика и инфраструктура на Израел, Гоnен Сегев, пишува Times of Israel, цитирајќи ја израелската безбедносна служба Шин Бет и полицијата.
Истрагата за Гонен Сегев беше завршена на 15-ти јуни. Обвинителството на регионот Ерусалим поднесе обвинение до Окружниот суд во кое се тврди дека поранешниот министер бил обвинет за “помагање на непријателот за време на војната, како и за пренесување информации до непријателот” односно за Иран.

Во последниве години, поранешниот министер живеел во Нигерија. Во средината на мај тој се обидел да влезе во Екваторијална Гвинеја, каде што бил уапсен и екстрадиран во Израел. После екстрадицијата, израелските разузнавачки служби веднаш започнале со негово испрашување.
Истражителите веруваат дека Сегев бил ангажиран од страна на иранските тајни служби во Нигерија во 2012 година и оттогаш на иранската страна ја известувал за локациите и тајни објекти во израелската енергетска инфраструктура.

Гонен Сегев: “Сакав да ги излажам Иранците и во Израел да се вратам како херој”
Поранешниот министер, обвинет за шпионажа за Иран, изјавил дека сакал само да му помогне на Израел. Додека живееше во доброволно прогонство во Нигерија, Гонен Сегев се надеваше дека ќе ја поврати својата репутација откако беше уапсен во 2004 година за обид за криумчарење на 32.000 таблети екстази од Холандија во Израел.

Поранешниот министер Гонен Сегев, наводно, им признал на иследниците на Шин Бета (главната агенција за безбедност во Израел) дека бил во контакт со ирански разузнавачки служби, но тврдел дека неговата наводна шпионажа за Исламската Република, всушност, е обид да му помогне на Израел.
Вчера безбедносната служба Шин Бет објави дека Сегев, поранешен министер за енергија, кој претходно бил затвор за шверц на дрога, бил екстрадиран во Израел и бил обвинет за шпионажа во корист на Иран.Gonen Segev

ФОТО – Гонен Сегев во судот во 2006 година за време на постапката за шверц со дрога
Според израелските медиуми, Сегев во текот на ипсрашувањата на истражителите им изјавик идеолошка дека нема идеолошки или финансиски мотивации да работи за Иран и дека немал никакви доверливи информации.
Во извештаите се наведува дека Сегев, додека живеел во Нигерија, редовно служел како доктор на локалната еврејска заедница и израелските дипломати во главниот град Абуџа.
Сегев бил во иранската амбасада во 2012 година под изговор за лекување деца на дипломатски кадри, објави израелскиот канал 10.
Обидувајќи се да соработува со Иранците, Генен, наводно, се надевал дека ќе ги заведе и конечно ќе ја врати репутацијата кого дрогата го уништи пред повеќе од една деценија.
“Сакав да го измамам Иран и да се вратам во Израел како херој”, рекол Гонен за време на сослушувањето.
Гонен им изјавил на истражувачите дека за време на неговиот престој во центарот за шверц на дрога во 2007 година, тој бил сместен во изолирано крило, како и други затворени израелски функционери кои знаеле тајни информации, додека медиумите објавија дека тој бил во редовно крило на затворот.

Канал 10 објави дека Сегев бил задржан во самица девет дена, откако бил донесен во Израел минатиот месец, а за тоа време му било забрането да контактира со адвокатите. Наводно, бил држен во притвор во службата на Шин Бет во централен Израел.
Иако некои израелски официјални лица изјавија дека се сигурни дека Гонен не обезбедил чувствителни информации за Техеран, израелските официјални претставници го зеле овој случај многу сериозно.
Во изјавата објавена во понеделникот, Шин Бет соопшти дека Сегев дал информации за израелскиот енергетски сектор, дипломатските операции и специфичните капацитети.

Iran - reakcija na Američke sankcijeНаводно, Сегев двапати го посетил Иран, со цел лично да ги запознае иранските оперативци кои беа задолжени за контакти со него.
Шин Бет соопшти дека Сегев се сретнал со ирански разузнавачи во хотели и безбедни куќи ширум светот, а исто така користел и посебен шифриран уред за испраќање доверливи пораки.

Како што споменавме, во средината на мај, Сегев патувал од Нигерија во Екваторијална Гвинеја, каде што бил уапсен од локалната полиција и испратен во Израел.
Во петокот, Сегев беше обвинет во судот во Ерусалим поради обвиненија за помагање на непријателот во време на војна, шпионажа и други злосторства, а некои детали се под тајниот код.

Гонен Сегев, инаку експерт за педијатрија, беше избран во Кнесетот во 1992 година. 1995 година. Раскинал со партијата со која влегол во парламентот и се приклучи на коалицијата Јицак Рабин, која го назначи за министер за енергетика и инфраструктура.
Неговиот глас во Кнесетот беше одлучувачки во усвојувањето на Договорот од Осло, истата година. Сегев ја напуштил политиката откако го изгуби своето место на изборите во 1996 година и стана бизнисмен.

Подоцна, уследи аферата со наркотиците и незаконското продолжување на неговата дипломатска лиценца.
Во 2005 година, поранешниот министер беше осуден за шверц, фалсификување и измама. Тој беше осуден на пет години затвор, но беше ослободен во 2007 година, откако отслужи една третина од казната.
Сепак, Сегев не можеше да се врати на работа како доктор, бидејќи му била одземена лекарската дозвола. Потоа ја напушти земјата и работел како лекар и бизнисмен во Нигерија.

Во 2016 година, израелското Министерство за здравство одби повторно да му даде лекарска дозвола за работа, а Сегев тогаш за Хадашот њус “изјавил дека ќе остане во Нигерија, се додека во израел не се врати со подигната глава”.

Тој се врати, подобро кажано, тој беше вратен, ама не со подигната главата, а обвиненијата за шпионажа за Иран ќе мора да бидат оспорени на суд. Во секој случај, интересна биографија, од политичар, и министер, чиј глас беше од клучно значење за Кнесет да го ратификува “Договорот од Осло II”, до дилер на дрога и наводен ирански шпион.

Извор: logicno.com