Турскиот министер за образование Исмет Јилмаз изјави дека Турција дава повеќе средства за образовниот систем од Германија.
Јилмаз изјавил дека кога владејачката Партија на правдата и развојот (АК) дојде на власт во 2002 година, Турција беше последна меѓу земјите на ЕУ во финансирањето на своето образование.
“Кога почнавме да раководиме со земјата во 2002 година, еден учител беше распореден на 28 ученици, и тоа бројка се намали на 17 ученици. Со овој број ние се ме подобри од Италија и Франција,” изјавил Јилмаз.
Јиламз додал дека досега се вработено речиси 585.000 наставници и дека се потребни уште 100.000 наставници.
“Во план е вработување на 25.000 наставници до септември 2018 година”, додал Јилмаз.
Со проектот за подобрување на можностите и подобрување на технологијата, познат како ФАТИХ проект, Владата на Турција инсталирала 430.000 смарт (паметни) табли во училниците.
“Целта ни е да имаме образовен систем кој ќе ги подигне среќни, здрави и мирољубиви индивидуи. Ќе учиме да ги сакаат животните и животната средина”, додал Јилмаз.











