Најдолга казна во историјата на Канада: Побарано 150 годишна робија за напаѓачот на џамија

0
333

Обвинител во Канада предложи 150 години затвор за Александар Бисоннет, кој изврши напад врз џамија во Квебек Сити и притоа усмрти шест лица.

Инаку, ова е најдолгата затворска казна побарана за обвинет во историјата на Канада.

Обвинителот Томас Жак, кој работи на овој случај, предложи обвинетиот да добие по 25 години затвор за секој човек кој загина во нападот. Тој истакна дека напаѓачот треба да биде осуден со најтешка казна затоа што станува збор за незапамтен случај во таа земја.

Судијата Франсоа Хуот истакна дека злосторството што Бисоннет го направил е единствено по тоа што било насочено кон одредена група, во овој случај на муслимани.

Фото:Илјадници Канаѓани се опростија од жртвите на терористичкиот напад.
Бисоннет признава дека извршил напад врз џамијата.
Нападot врз исламскиот културен центар во Квебек, во време кога најмалку 40 верници се подготвуваа за вечерна молитва, беше изведена во јануари 2017 година, при што загинаа шест лица, на старосна возраст од 35 до 70 години.
Извор: Анадолија