Во дом на американски осуденик, пронајдени 500 парчиња оружје

0
373

Полицијата во Лос Анџелес во Калифорнија претресила дом на еден затвореник и пронашла повеќе од 500 парчиња оружје, објави ББС.


Полициските службеници го уапсиле шеесетгодишниот Мануел Фернандез после дводневниот претрес на неговиот дом каде било пронајден огромен арсенал, поточно повеќе од 500 парчиња оружје.

Тој е обвинет дека е бегалец кој поседува оружје како и заради незаконско поседување на пушка и резерви со голем капацитет. Ден после апсењето бил пуштен со кауција од 35.000 долари.

Властите соопштија дека станицата во Палмделе добила известување дека маж од регионот Агуа Дулче, на 75 километри северно од Лос Анџелес, поседува огромен арсенал на оружје, иако е осудуван.

Во првот ден од претресот биле пронајдени 432 парчиња оружје, а другиот ден уште 91 парче сокриени во близина до неговиот дом. Запленети се компјутери и други електронски средства користени за нелегално купување на оружје.

Истрага ја одвела полицијата до уште едно лице, а тоа е жена. Таа не била дома кога бил извршен претресот, а пронајдени биле уште 30 парчиња.

Американците кои се осудени за сериозна криминал губат право да поседуваат оружје. Извор близок на истрагата наведува дека мажот веројатно е колекционер без планови да го користи оружје за насилство. Тука е и оружје старо со векови,а полицијата се обидува да го утврди потеклото.

Истражителите го подготвуваат случајот против Фернандез.

Извор:Klix