Повеќе од половина Руси сакаат Путин да остане претседател и после 2024 година

0
351

Повеќе од половината Руси сакаат претседателот Владимир Путин да биде шеф на државата по завршувањето на неговиот шестигодишен мандат во 2024 година, покажува најголемото независно испитување чии резултати беа објавени во вторникот.
Путин го започна својот четврти претседателски мандат оваа година. Уставот треба да биде изменет за да може да остане на власт по 2024 година, бидејќи таа година завршува неговиот втор последователен мандат. Путин тогаш ќе има 71 година.
– Нема наследник. Луѓето на тоа гледаат прагматично – изјавил водител на анкетата на Лев Гудков во коментар кој го пренесе весникот Ведомости, додавајќи дека можни политички промени будат страв од нестабилност, а се смета дека Путин би го сочувал стаусот кво.
Извор: Фена