Кампањата на Шеика Фатима, организираше активности за помагање на децата Рохингја

0
306

АБУ ДАБИ, (WAM) – Во текот на последните денови на месец Рамазан и за време на прославата на Еид ал Фитр, Глобалната хуманитарна кампања Шеика Фатима организираше низа активности за децата-бегалци Рохингја.

[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=pLCNS__WuvM[/embedyt]
Младите волонтери на Емирати помогнаа да им се олеснат активностите на децата низ бегалските кампови во Базар` Кокс, Бангладеш. Иницијативата за волонтерство се одржа во партнерство со иницијативата за застапување Зајед, Генералниот женски сојуз, Асоцијацијата Дар Ал – Бар , Хуманитарната куќа на Шарјах и групата Саудиски германски болници, во координација со фондацијата “Надеж за жените и децата на Бангладеш”.
Нура Ал Суваиди, генерален директор на Генералниот женски сојуз, рече дека волонтерите од хуманитарната кампања Шеика Фатима презентираат примерна иницијатива додека организираат активности за радост на децата-бегалци во текот на светиот месец на прославата на Рамазан и Еид ал Фитр (Рамазан Бајрам).
Таа додаде дека Х.Х. Шеиха Фатима бинт Мубарак, претседател на Генералниот женски сојуз, претседател на Врховниот совет за мајчинство и детство и врховен претседател на Фондацијата за развој на семејството, посветува големо внимание на маките на бегалците Рохинга, особено децата .
Волонтерите им делеа подароци и игри на децата, а исто така спроведоа разни рекреативни, здравствени, образовни и уметнички активности, објасни Ал Суваиди.

حملة الشيخة فاطمة الانسانية تنظم فعاليات تطوعية لاطفال الروهينغا اللاجئين للتخفيف من معاناتهم. /Medium/ 4حملة الشيخة فاطمة الانسانية تنظم فعاليات تطوعية لاطفال الروهينغا اللاجئين للتخفيف من معاناتهم. /Medium/ 1حملة الشيخة فاطمة الانسانية تنظم فعاليات تطوعية لاطفال الروهينغا اللاجئين للتخفيف من معاناتهم. /Medium/ 2
Извор:WAM / Nour Salman