Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во неделата објави нов мегаиндустриски проект кој ќе обезбеди работни места за 100.000 луѓе.
“Воспоставуваме мегаиндустриска зона во пет региони на Турција, ќе ја подобриме турската индустрија и технологија со вработување на 100.000 луѓе”, напишал Ердоган на својот профил на Твитер.
Тој ги сподели податоците за проектот со придружната графика под наслов “Национален чекор во индустријата”, во која се вели дека во првата фаза ќе бидат вложени 45 милијарди турски лири (9,5 милијарди долари).
Во новите индустриски зони, ќе бидат инвестирани 140 милијарди турски лири (29,5 милијарди долари), кои ќе обезбедат 100.000 работни места, објаснето е на графиконот.

Извор:РСА