Со обновувањето на касарната Рами во Истанбул с епланира да се направи најголемата библиотека во Турција. Проектот за реставрација е раководен од Министерството за култура и туризам на Турција, а се планира читателите да имаат на располагање милиони книги.ФОТО: АНАДОЛИЈА
Касарната Рами, која екипа на агенцијата Анадолија ја снимила од воздух со површина од 220.000 квадратни метри, би требало да стане една од атрактивните точки во културниот и уметничкиот простор на Истанбул.
Коскун Јилмаз, директор на Управата за култура и туризам во Истанбул, зборувал за проектот, реставрација и трансформација на касарната во еден од ставовите на овој турски град.
– Планирано е ова да биде најголемата библиотека во Турција. Во моментов е предвидено да содржи седум милиони книги – објаснува Јилмаз, посочувајќи дека тука ќе се оддржуваат и други културни, социјални и уметнички настани.
Според неговите зборови, на крајот од проектот, ова место треба да биде најголемата “долина” на книги во светот.
Јилмаз објасни дека во библиотеката ќе има места за збирки и колекционери, како и атеље кое ќе зборува за приказната за книги, поточно, каде што ќе може да се види целиот процес од изработка на хартија, пишување и врзување. Значи, целото потекло на книгата.
Јилмаз објасни дека во дворот на касарната ќе има место за пешачење, како и продавници за сувенири. Тој исто така зборувал и за историјата на касарната, наведувајќи дека е изградена после 1780 година. Таа важи за една од важните згради во воената историја.
– Ова место е едно од најважните дела на воената архитектура. Едно од нив е и од военото седиште на султанот Махмут II, рекол Јилмаз.
Работаат на тоа, како што рекол тој, дека работите ќе бидат завршени во најкус можен рок.
– Ќе почне да се работи за околу две години. Завршувањето на проектот може да потрае подолго, но на почетокот на 2020 година ќе биде на служба на граѓаните – објасни Јилмаз.
За проектот се користат околу 200 милиони турски лири (37 милиони евра).

Извор:faktor