HRW: Израел можеби направи воен злочин во Газа

0
436

Невладината организација за човекови права Хјуман рајтс воч (Human Rights Watch ), соопшти дека израелската употреба на смртоносна сила против палестинските демонстранти во појасот Газа би можело да представува воено злосторство. Оваа најава на ХРВ доаѓа пред итна седница на Генералното собрание на ОН, каде што ќе се гласа за резолуцијата со која се осудува прекумерната употреба на сила од страна на Израел.
Палестинците од 30 март, протестираа повикувајќи се на “право на враќање” на сегашната територија на Израел.
Најмалку 120 Палестинци загинаа, а повеќе од 3.800 беа повредени од израелските безбедносни сили долж границата. Повеќето од загинатите и повредените беа невооружени, велат здравствените работници во Газа.
Израелската армија соопшти дека нивните членови дејствувале во согласност со правилата на службата, со што се заштитува израелското население и инфраструктурата, објави АП.

(Vijesti / ФЕНА)

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here