Германските навивачи не можат да му простат на репрезентативецот бидејќи покирај фотографијата со Ердоган напишал дека тој е негов претседател.
Турскиот национален играч Илкај Гундоган повторно беше цел на германските навивачи поради неодамнешната изјава дека Реџеп Тајип Ердоган е негов претседател.

Домашни навивачи на стадионот BayArena во Леверкузен, каде што во петокот Германија со 2: 1 ја совлад Саудиска Арабија во подготовките за Светското првенство, за почнале да му свират на Гундоган кога влегол во игра во 57. минута, но исто така и секој пат кога топката била во негова сопственост , објавија британските медиуми.

Однесувањето на навивачите го налути германскиот менаџер Јоаким Лев.
“Ваквото однесување на навијачите никому не му користи. Гундоган ги објаснил околностите околу состанокот со турскиот претседател и ја истакна својата посветеност на германските вредности. Меѓутоа, навивијачите повторно му свиреа. Ги прашувам што сега треба да направи Гундоган? “огорчен бил Лев.

Родени е во Гелзенкирхен.

Во Леверкузен се повтори ситуацијата која Гундоган и Месут Озил ја доживееја пред една недела во Клагенфурт, кога Германија загуби од Австрија 1: 2.
И тогаш германските навијачи исто така им свиреле на двајцата свои репрезентативци од турски корени.
Во натпреварот против Саудиска Арабија, Озил не играше заради помали повреди, па сиот бес на германските фанови отишло на сметка на Гундоган.
Озил и Гундоган се родени во Германија, во Гелзенкирхен и играле за сите возрасни групи на германската репрезентација – од кадетски до сениорски.

Поврзан со Турција, привилегиран заради Германија.

Проблемот настанал кога Гундоган и Озил во мај се состанаа со турскиот претседател Ердоган, а Гундоган на социјалните мрежи објави фотографија од тој состанок, со потпис “мој претседател”.
Поради средба со турскиот претседател, двајцата биле критикувани од страна на германската фудбалска федерација.
Гундоган потоа изјави дека се чувствува поврзан со Турција, но исто така се чувствува привилегирано дека пораснал во Германија.
Извор: агенции

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here