Одлуката на Австрија да затвори џамиите и протера имами кои се финансирани од странство претставува закана за дијалогот помеѓу религиите и таа одлука треба да се смени, изјавил денеска турскиот премиер Бинали Јилдирим.
Јилдирим на заедничката прес-конференција со бугарскиот премиер Бојко Борисов изјавил одлуката на Австрија е “голема грешка и голема несреќа”.
Австрија донесе одлука за џамиите и имамите непосредно пред да го преземе претседателството со ЕУ.
Портпаролката на австриската влада одби да даде коментар за изјавата на Јилдирим.










