Една од работите што луѓето сакаат да ја прават додека летаат од една дестинација до друга е да гледаат низ прозорецот на авионот. Но, ова наскоро може да биде минато. Тим Кларк, првиот човек на авиокомпанијата “Емирати”, објави дека во иднина, авионите би можеле да бидат без прозорците какви што постојат во моментов, и наместо тоа, патниците би можеле да гледаат низ виртуелни прозорци.

– Авионите без класични прозорци би можеле да летаат побрзо и повеќе, но и да трошат помалку гориво – изјавил Кларк.

Од декември 2017 година на најновите авиони “Боинг 777-300ER” кои летаат во флотата “Емирати” има екрани кои имаат функција на прозорци во средниот дел на авионот. Сето тоа што се случува надвор е видливо на посебни екрани, а патниците се многу задоволни од искуството на патување.

– Тоа е атракција за првокласни патници – Сем Чуи, популарен блогер кој имал можност да лета со авион на Емирати во средишниот дел на авионот, изјави. – И јас, како и другите патници кои имаа билети за оваа позиција во авионот, сакав да видам како изгледа виртуелен прозорец. Не се чувствував клаустрофобично, и она што имав можност да го видам низ виртуелниот прозорец се чинеше сосема реалистично.

[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=JD1Yh30UNcI[/embedyt]