Поради најновата ерупција на вулкан во Хаваи, целосно е уништена населена област во близина на Хавајскиот голем остров. Заливот кој се наоѓа меѓу таа област и Големиот остров е претворено во нова земја.
Оваа област сега е целосно покриена со вулкански карпи, а само неколку куќи преживеаја на една од плажите на Капохо, велат официјалните претставници и научниците од Геолошкиот институт во САД.
Врз основа на документите, беше откриено дека во таа област имало 279 куќи.
“Областа целосно исчезна и не постојат докази за ниту една куќа. На север од таа област има само неколку куќи во областа околу Капохо”, соопшти Институтот.
Научниците продолжуваат да ги бележат вулканските активност и наведуваат дека не е можно да се каже кога ќе престане, пренесува Танјуг.
Според него, активностите на вулканот дополнително го зголемија земјотресот од 5,6 степени од Рихтер, што дополнително го зголеми одлив на лава.
Извор:(Vijesti)








