Европската унија објави дека од јули воведува царини на увоз на американски производи, како одговор на одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да воведе даноци за увоз на челик и алуминиум од Европа.
Потпретседателот на Европската комисија, Марош Шефчовиќ, изјави дека листата на американски производи на кои ќе им се наметнат царински треба да се заврши овој месец и дека примената на новите даноци ќе започне од јули.
ЕУ соопшти дека ќе воведе “балансирање” на царински давачки за стоки во вредност од 2,8 милијарди евра, вклучувајќи челик, земјоделски производи, “бурбон”, путер од кикирики и сок од портокал.
Минатата година, Унијата извезла 5,5 милиони тони челик во САД.
Европските производители на челик се загрижени поради губење на пристапот до пазарот, но исто така стравуваат дека челик од други земји ќе ја преплави Европа.










