Со зајакнати мерки на безбедност во американскиот град Чикаго, синоќа се оддржаа протести заради насилството на израелските безбедносни сили против палестинските демонстранти, новинарите и медицинскиот персонал на границата во Газа, пренесе агенцијата Анадолу (АА).![]()
Израелскиот амбасадор во САД, Рон Демер, пристигнал минатата ноќ во Чикаго, што беше повод за собирање на повеќе од 100 демонстранти пред синагогата Анше Емет во местото Лејк Вју.
![]()
Демонстрантите го обвинија Израел за “геноцид” врз Палестинците, покрај палестинските знамиња, беа истакнати фотографии на убиени Палестинци, вклучувајќи ја последно убиената волонтерка и медицинска сестра Резан Ал-Најџар.
На протестите присуствуваа и голем број Евреи, како и претставници на бројни заедници во Америка.
“Стоп, за окупацијата на Палестина”, “Палестина ќе биде слободна”, “Без правда нема мир во Светата земја”, беа некои од пораките што демонстрантите ги истакнаа за време на собирот што помина со зајакнати безбедносни мерки и инциденти.![]()
Извор: Анадолу










