Повеќе од 100 пожарникари и 20 противпожарни возила гасат пожар во хотелот “Mandarin Oriental Hotel ” во Лондон, кој се наоѓа во близина на Хајд Парк во богатиот кварт на Најтсбриџ. Пожарот се случи само на неколку недели откако луксузниот хотел беше целосно реновиран.

Улиците во областа се затворени, така што службите да можат да реагираат на пожарот колку што е можно побрзо.

185 милиони фунти биле потрошени за реновирање на хотел со пет ѕвездички.

Луксузната зграда има 12 спрата а причината за пожарот сеуште е непозната.

[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=0aGCEa9GBK0[/embedyt]

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here