САД стави вето на нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на ОН, со која се бара заштита на Палестинците. Денес, САД го спречи усвојувањето на нацрт-резолуцијата што ја предложи Кувајт, а за која речиси две недели се оддржуваа жестоки дебати, пренесува Анадолија.
Нацрт-резолуцијата беше подржана од 10 земји, додека воздржани беа Велика Британија, Полска, Холандија и Етиопија.
Во Првобитниот нацрт се бараше меѓународна заштита за палестинскиот народ, додека во својата конечна верзија апелираше на “разгледување на мерките со цел воспоставување меѓународна заштита” за палестинските цивили.
Американската амбасадорка во Обединетите нации, Ники Хејли, пред гласањето изјавила дека тоа е еднострана нацрт-резолуција, бидејќи, во неа како што рече, Хамас не се спомува во ниту еден збор.
Таа нагласи дека, пред сè, Хамас е одговорен за насилството во Газа, додавајќи дека е неопходно да се осуди ова палестинско движење.
Таа, исто така, истакна дека сите земји кои сакаат мир и стабилност треба да ја отфрлат оваа нацрт-резолуција.
Од друга страна, САД предложи на Советот за безбедност на ОН нацрт-резолуција со која се бара осуда на Хамас, а наскоро се очекува гласање за овој нацрт-закон.
Извор:(Vijesti / ФЕНА)








