Сё што се случува во Сирија не е граѓанска војна, тоа од самиот почеток е војна против тероризмот и западните платеници, изјавил сирискиот претседател Башар ал Асад. Тој објасни дека терминот “граѓанска војна” погрешно се користи од почетокот на конфликтот, а тоа го прават дури и сојузниците и пријателите на Сирија.
“Граѓанска војна би подразбирала дека во Сирија владее поделба врз основа на етничка или верска припадност, или пак на основа на политички несогласувања. Во Сирија тоа го нема“, тврди Асад.
Сирискиот претседател, исто така, отценил дека и на територијата на земјата која е држат припадниците на сириската војска живеат луѓе со различни религии и националности и дека сите тие го поддржуваат Дамаск.
“Од самиот почеток, оние кои сакаа да ја соборат владата беа платеници кои ги ангажираше Западот, а како резултат на активностите на американските и турските марионети, имаме ситуација во која нема единство. Меѓутоа, дека граѓанската војна е во тек, тоа би значело дека нашето општество е поделено “, додаде тој.
Сирискиот лидер, исто така, укажал на фактот дека милитантите во Сирија добиваат наредби од странство за да не воспостават мир во земјата, но дека Сиријците нема да дозволат тоа, бидејќи немаат друг избор.
“Колку сме поблиски до крајот , отпорот е посилен. Штом започнавме со процесот на помирување во земјата, можевме да видиме уште посилни напори за запирање на овој процес. Се разбира, заедно со парите од странство, пристигнуваат и наредбите. Сепак, ние сме решени тој проблем да го надминеме , или ќе имаме земја, или не “, заклучил Асад, пренесува Спутник.
Извор:(Vijesti)










