Повеќето членови на косовското собрание ја поддржаа нацрт-резолуцијата со која се укинува контролата на движењето на патници на граничните премини со Албанија.

Со 73 гласови “за”, без гласови “против” и без воздржани, беше усвоена нацрт-резолуција за целосно отворање на влезот и излезот за жителите на Косово и Албанците преку преминот Врбница во близина на Призрен и Морина и Ќафа Пруш во близина на Ѓаковица.

Предлогот на резолуцијата беше поднесена од пратеникот на Социјалдемократската партија, Дардан Молочај.

Тој рече дека ова не ја отстрани границата, туку ја укина контролата при движењето на граѓаните.

Пратениците, исто така, усвоија одлука за укинување на роаминг за мобилна телефонија помеѓу операторите во Косово и Албанија.

Извор:cmd

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here