Рускиот новинар Аркадиј Бабченко, за кого беше објавено дека е убиен во напад со огнено оружје во главниот град на Украина во вторникот, се појави на прес-конференција во средата, жив и здрав.
Василиј Грикак, шеф на украинската безбедносна служба, на прес-конференција денеска изјави дека неговата агенција ја фалсификувала смртта на Бабченко со цел да гиприведен оние кои се обиделе да го убијат.
Владата во Киев и украинската национална полиција соопштија дека Бабченко, остар критичар од Кремљ, бил застрелан неколкупати во својата станбена зграда и дека во локва од крв бил пронајден од неговата сопруга.
Бабченко се појави на конференцијата за медиуми на Грико и им се заблагодари на сите што ја жалеа неговата смрт.
Бабченко (41), еден од најпознатите руски воени новинари, зборуваше и пишуваше за напуштање на земјата за повторените закани за него и неговото семејство, објави Асошиетед прес.
Извор:PCA







