Брод со 20 Палестинци отплови од пристаништето во Газа, во обид да ја пробијат десетгодишна израелска блокада на палестинскиот регион, јави агенцијата Анадолу (АА).

На бродот пловат палестинските активисти, дипломираните студенти на факултетот, пациентите и повредените кои сакаат да бидат лекувани во странство,

Во придружба на бродот запловија и неколку помали бродчиња кои им пркосат на израелската копнена и поморска блокада која во Газа од 2007 година доведе до хуманитарна катастрофа.

Денешниот обид за мирно прекинување на израелската блокада беше организиран на осумгодишнината од инцидентот “Мави Мармара”, при што израелските сили убија девет турски активисти, а друг ранет активист од Турција почина четири години подоцна.

Извор:faktor

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here