АНКАРА (АА) – Навивачите кои сметаат дека Серхио Рамос, фудбалерот на Реал Мадрид, намерно го повредил играчот на Ливерпул, Мухамед Салах во финалето на УЕФА Лигата на шампиони, започнаа кампања која предизвика голем интерес, јавува Anadolu Agency (AA).

„Мухамед Салах е намерно повреден од Рамос и треба да биде казнет од ФИФА и УЕФА“, е насловот на кампањата организирана од страна на Change.org и досега собра 465.646 потписи.

Кампањата има за цел да прибере 500.000 потписи. Во кампањата се повикуваат УЕФА и ФИФА, благодарение на видеоснимките, да му доделат казна на шпанскиот играч, кој во текот на целиот натпревар не се однесувал соодветно на правилата за фер-плеј.

Реал Мадрид во финалето на Лигата на шампиони го совлада Ливерпул со 3 : 1, а во 31. минута од натпреварот, египетскиот репрезентативец Салах, со солзи во очите мораше да го напушти теренот поради повредата задобиена во дуелот со Рамос.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here