Напаѓачот кој уби три лица во Лиеж, вклучувајќи и двајца полицајци, е белгиски државјанин, кој неодамна избегал од затвор, објави Агенцијата Анадолу (АА).
Весникот “Ле Соир” објави дека Бенџамин Херман, поранешен војник, роден во 1985 година, вчера излегол од затворот Лантин, каде што престојувал за кражба.
Во утринските часови, напаѓачот уби двајца полицајци и случаен минувач.
-Напаѓачот со нож рани двајца полицајци и им го одзел нивното оружје. После тоа, со огненото оружје пукал во двајца полицајци. Потоа го убил 22-годишно лице што се наоѓало во возилото, стои во изјавата на обвинителството во Лиеж.
Понатаму е кажано дека потоа влегол во средно училиште и зел жена за заложник, а полицијата интервенирала. Двајца полицајци беа повредени во конфликтот, а напаѓачот беше неутрализиран.
– Федералната кризна служба ја следи ситуацијата. Истражуваме точно што се случило – напишал министер за внатрешни работи, Јан Џамбон, на социјалната мрежа.
Белгискиот премиер Чарлс Мишел изрази сочувство до семејствата на загинатите и повредени и додаде дека во истрагата биле вклучени Министерството за внатрешни работи и Министерството за правда.
Извор:faktor/АА








