Во Лиеж во Белгија утринава еден маж застрела три лица од кои двајца полицајци и совозач на еден автомобил а упште двајца полицајци се ранети. Потоа тој се затворил во едно училиште и зел еден заложник, јави белгиската новинска агенција Белга, повикувајќи се на полициски извори. Напаѓачот беше убиен од страна на специјалната полициска единица.
Белга јавува дека истрелите во градскиот центар се чуле околу 10 часот и 30 минути. Напаѓачот, откако убил три лица, успеал да се засолни во блиската гимназија, каде за заложник зел една чистачка.
Во инцидентот се исто така повредени двајца полицајци. Белгискиот министер за внатрешни рабпти Јан Јамбон на Твитер напиша дека националниот Кризен центар ја следи ситуацијата.
Обвинителството специјализирано за тероризам отвори истрага но се уште нема потврда дека станува збор за терористички акт. Според портпаролот на обвинителството “има елементи што укажуваат дека се работи за тероризам”.
Извор:НоваТВ










