Руската армија, наводно, успешно го завршила тестирањето на против-воздушниот ракетен систем С-500, кој ја погоди целта на досега најдолго забележаната оддалеченост, околу 480 километри, дури 80 километри подалеку од сегашниот рекорд, пишува The Drive.

S-400 raketni sistem na Krimu С-400 ракетниот систем на Крим

Еднаш кога ќе влезе во поширока употреба, системот би можел значително да ги зголеми против-воздушните  способности на руската армија во Европа, Источна Азија и насекаде во светот, но за сега го оптеретуваат долгорочните одложувања, кои веќе имаат пробиени многу крајни рокови.

Руските извори тврдат дека S-500 системот ќе може да соборува воени авиони, беспилотни летала, но исто така и крстосувачки и балистички проектили. Тоа е мобилен систем монтиран на камиони, што е релативно брзо за да се пресели во неопходното жариште, а Москва се надева дека ќе го надополни постоечкиот систем С-400, како и да го замени стационарниот систем против ракетна одбрана А-135 против балистички ракети.

Според производителот, руското одбранбено претпријатие Алмаз-Антиј, системот треба да биде во можност да ги соборува “невидливите” авиони, како што се американскиот F-22 Raptor и F-35 Joint Strike Fighter. Но, оваа можност е поврзана со способноста на радарите да ги детектираат таквите цели. Максималниот опсег на системот треба да биде околу 600 километри, што сеуште не е потврдено во тестовите.

Извор: Фактор

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here