Во екот на глобалните осуди од употребата на смртоносната сила против палестинските демонстранти во Газа, израелските власти предложија нацрт-закон кој всушност ќе го спречи собирањето докази во врска со кршењето на човековите права и другите злоупотреби од страна на припадници на израелската армија.

Израелскиот парламент, Кнесет, денеска ќе одржи седница на која ќе расправа за нацрт-законот со кој ќе се забрани фотографирањето или снимање на израелските војници на должност.

Законот предлага петгодишна затворска казна за секој кој “фотографирал и / или снимил војници за време на нивните должности, со намера да го поткопа духот на ИДФ и израелските војници” а десетгодишна затворска казна за секој кој “има намера да му наштети на државната безбедност”.

Со законот, исто така, ќе се казнува и дистрибуцијата на фотографии или видео содржини на социјални мрежи или на медиумите, со што со скандалозните мерки на Израел дополнително ќе се оневозможи новинарската работа и ќе ја ограничи слободата на печатот.

Според Роберт Илат, член на Кнесет и иницијатор на законот, предложениот закон е “одговор на левичарското малтретирање на израелските војници, додека ги задушува насилните демонстрации на Хамас на границата во Газа”.

Извор:globalcir

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here