Турција ја обвини германија бидејќи дозволи во Келн да се оддржи собир на курдската ХДП

by Administrator

Турското Министерство за надворешни работи денес ја обвини Германија дека има двојни стандарди, бидејќи му дозволи на прокурдската опозициска партија ХДП да одржи предизборен митинг во Келн, објави Ројтерс. Германските власти претходно не й дозволија на владејачката турска партија АКП да одржи изборни митинзи.

“Таквиот лицемерен став кој ние силно го осудуваме не може да се помири со демократијата, со борбата против тероризмот и очекувањата за нормализација на германско-турските односи”, се вели во соопштението.

Во Германија постојат околу три милиони Турци, а властите таму одлучија да не дозволат кампања за изборите на 24 јуни на нивната територија.

Полицијата во Келн им забрани на двајца политичари да се обратат на собирот, но не го забрани митингот во кој Курдите протестираа против акциите на Турција во Сирија.

Извор:(Vijesti / ФЕНА)

You may also like

Leave a Comment