Ново стар премиер на Либан е Саад ал-Харири и тоа по трет пат, јавува Ројтерс.
Либанскиот претседател Мишел Аун го назначи Харири за мандатар на новата влада, откако обезбеди мнозинство во парламентот.
Назначувањето на Саад ал-Харири е очекуван исход после консултациите во Либан по изборите на 6-ти мај, каде што, и покрај победата на шиитските партии, поранешниот премиер повторно ќе ја преземе функцијата.
Според уставот на Либан, каде што, поради чувствителниот баланс на религиозните и етничките поделби, претходно договорените позиции, премиерот му припаѓа на сунитските муслимани.
Харири, и покрај загубата на значителен број пратеници, и натаму остана највлијателен сунитски политичар во Либан.
Извор:(Vijesti / ФЕНА)










