Северна Кореја денес ја уништи својата локација за нуклеарни проби со серија експлозии во текот на неколку часа.
Странските новинари биле сведоци на експлозии на локацијата за нуклеарни тестирања место длабоко во планините на слабо населениот североисток на земја, кои биле насочени на три подземни тунели и бројни кули за набљудување во околниот регион.
Планираното затворање на местото претходно беше најавено од страна на севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун пред планираниот самит со американскиот претседател Доналд Трамп следниот месец.
Одлуката на Северна Кореја за затворање на нуклеарната локација на Punggye-ri генерално се смета за гест на Ким за да воспостави попозитивна атмосфера пред самитот. Сепак, тоа не е неповратен потег и после него треба да следат значајни мерки за исполнување на барањата на Трамп за вистинска денуклеаризација.
Со доаѓањето на странски новинари, повеќето телевизиски мрежи, Северот очигледно се надева дека сликите од затварањето- вклучувајќи експлозии на тунелски влезови – ќе се емитуваат низ целиот свет.
Северна Кореја на церемонијата не ги повика меѓународните инспектори, ограничувајќи ја неговата вредност како сериозна постапка.
Извор: Фена










