Бран на топлина уби 65 луѓе во градот Карачи во јужен Пакистан во изминатите три дена, а стапката на смртност може да се зголеми, бидејќи високите температури не се намалуваат. Покрај големата топлина, има недостиг од електрична енергија, а во тек е месец рамазан, кога муслиманите постат,не јадат и не пијат додека е ден.

Температурите во понеделникот достигнаа 44 степени, а Фаисал Едхи, кој ја води Фондацијата Едхи, која им помага на службите за итни случаи и во мртвачниците, вели дека најголем број на смртни случаи се наоѓаат во сиромашните делови на градот.

“Телата ги чуваме во ладилници, а лекарите велат дека повеќето умреле од срцев удар”, изјави Еди.

Големата жештина во Карачи пред три години однесе 1.300 животи, па затоа се стравува дека историјата може да се повтори. Во тоа време, мртовечниците останале без слободни места, така што работниците од Итната помош телата ги оставиле жешкото време а во мртовечница ги носеле после неколку денови. објави Блиц.

Владата сега работи на тоа 2015 година да не се повтори и ќе обезбеди се што е во потребата да се добие соодветен и брз третман.

Еди истакнува дека повеќето од починатите биле донесени во мртовечницата од страна на работници кои работеле во текстилни фабрики.

Се очекува дека температурите ќе останат над 40 степени до четврток.

Извор:(Vijesti)

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here