Лава од вулканот Килуаеа на Големиот остров на Хаваи стигна до океанот и претставува нова закана за здравјето на нејзините жители. Граѓанската одбрана на Хаваи издаде предупредување дека никој не се приближува кон потокот на лавата што тече кон океанот.

“Кога стопената лава ќе стапи во контакт со вода, хемиската реакција може да создаде магла и проблематични услови исполнети со хлороводородна киселина и мали честички на стакло. Дури и најмалите честички може да предизвикаат иритација на кожата и окото и проблеми со дишењето”, објави Агенцијата на САД за геолошки истражувања .

Според најновите известувања за цивилна заштита, потокот на лава го преминал автопатот и влегол во океанот. Друг поток на лава се наоѓа на околу 400 метри од истиот автопат.

Потоците од лава дополнително се зголемија за време на викендот, а локалните жители беа замолени да ги почитуваат сите предупредувања од Граѓанската одбрана на Хаваи.

Илјадници луѓе веќе ги напуштија своите домови во некои делови на островот. Во некои делови на островот, пријавени се послаби пожари.

Извор:(Vijesti / SRNA)

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here