Кина и САД постигнаа договор за спречување на трговска војна

by Administrator

Кина се согласи значително да го зголеми увозот на стоки и услуги од САД, соопштија двете земји, но не ја споменале целта од 200 милијарди долари поставена од Белата куќа.

Преговарачите од двете земји се согласија да продолжат да разговараат за мерки кои ќе го намалат вишокот на Кина во трговските односи со САД.

Во соопштението после состанокот, нема референци за заканите од двете земји, дека ќе воведат царини тешки многу милијарди долари на одредени производи, кои во светот предизвикаа загриженост за можна трговска војна.

– Донесен е консензус за значително намалување на трговскиот дефицит во САД. Барањето на Кина за висококвалитетни стоки од САД порасна, се вели во соопштението. Кинеската агенција Ксинхуа објави дека двете земји ветија на овој начин дека нема да бидат трговска војна.

Извор:faktor

You may also like

Leave a Comment