Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган зборуваше на прес-конференцијата по состанокот со претседателот на претседателството на Босна и Херцеговинa, Бакир Изетбеговиќ, за информациите дека врз него се подготвува атентат на Балканот.

– Слушнав за таа вест и затоа дојдов тука. Овие закани не можат да го спречат патот по кој тргнавме. Илјадници луѓе кои доаѓаат од различни европски земји, ако не го видат лидерот што сакаат да го видат, тоа не би било добро за мене – рече Ердоган.

Тој додаде дека таквите закани не се и не можат да влијаат врз плановите и ќе присуствуваат на шестиот конгрес на Унијата на европско-турско демократи (УЕТД) во олимписката сала Хуан Антонио Самаранч.

Разузнавачките агенции, колку за потсетување, добија известување дека врз турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган би можело да биде извршен атентат. На турските разузнавачки агенции дојавено им е  дека лица од турско потекло, за време на посетата на Ердоган на Балканот во наредниот период, подготвуваат атентат врз турскиот претседател.

Извор: Фактор

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here